Допирот на љубовта

Интегративна работилница за свесно проширување на вашата интимна средина

Скопје, Mакедонија: 2 – 3 март 2019.

Дводневната работилница е наменета да го подобри вашиот интимен простор преку согледување на односот со самиот себе во областа на сексуалноста и интимните односи зашто со тоа се постигнува проширување на свеста и се влијае на унапредување на генеративниот принцип со партнерот/ката.

Работилницата холистички ги обединува античките и современите сознанија од областа на неврологијата, психологијата, сексуалноста и енергетските практики, а главните акценти ќе бидат на:

  • негување на зона на конструктивна комуникација која ја зголемува свеста за личната одговорност и го продлабочува разбирањето за влијанието на партнерската одговорност,
  • користење на достапни внатрешни енергетски ресурси за свесно проширување на личната енергетска виталност со фокус на таоистичкиот систем на знаење, неврологијата и негувањето на сексуалната енергија,
  • влијанието на менталните структури врз валоризацијата на односот со самиот себе и интеракцијата со партнерот / партнерката,
  • практични вежби кои едноставно ќе може да ги вклопите во вашиот секојдневен живот, во односот со самиот себе и кон партнерот / партнерката,
  • убавината на разновидната сексуална анатомија,
  • женственост и машкост со внатрешен фокус на контрола,
  • придобивките од практикување на алатките за љубовните маски, инспиративен вид на љубовен role play,
  • снагата на движењата, ревитализирачката моќ на оргазмичната енергија и етеричноста на допирот…

Во текот на оваа интегративна работилница ќе се доближиме и до снажната методологија за разбирање на осумте интерактивни интелигенции на свесноста. Ќе ја продлабочите свеста за допирот на љубовта на единствен и оригинален начин и ќе ги поместите границите на свесноста надвор од основната прокреативно-реактивна перцепција на сексуалноста.

Работилницата, на хрватски јазик, ја води:
Ана Харт
Водителката ќе има асистенција на македонски јазик.

Време на одржување на работилницата:

• 2 март, сабота, од 10 до 20 ч. со паузи
• 3 март, недела, од 10 до 18 ч. со паузи

Место на одржување на работилницата:

Јога центар – Тафталиџе, Скопје
Бањалучка 8А, 1000 Скопје

Цена:

Пријавете се:

 

На работилницата дојдете во комотна облека и понесете си ќебенце, ќе ви треба во текот на релаксациите.

АНА ХАРТ

Сертификуван е coach со повеќе од 15 години работно искуство во комуникацијата, промоцијата и стратешкиот развој на деловните системи. Долгогодишното проучување на старите знаења, на подрачјата на управување со умот и на рецентните научни сознанија ги трансформирала во личен животен позив и го основа Original Code, систем на едукација и портал за свесна експанзија.

Работното искуство го стекнала во различни поголеми, глобални деловни системи и непрофитни организации во областа на оперативното и стратешкото управување. 2009 година основа сопствена фирма во која, преку развој на стратегии и маркетиншки и PR активности, соработувала со фирми на различни пазари, како и со претставници на политичката и јавната сцена, од музичари и уметници до деловни стручњаци.

Работејќи како претприемач со помали и поголеми системи во различни индустрии забележала обрасци на однесување и во личните, и во деловните релации кои влијаат врз животните околности па се одлучила на ширење на формалните, искуствените и стручните знаења. Посетувала бројни семинари од областа на личниот развој, функционирањето на умот, комуникологијата, сексуалноста и интимните односи; успешно ги завршила четиригодишните студии од coaching програмата на In Optimum академијата за да ги прошири знаењето и вештините, со цел за свесна експанзија. Инаку, е магистер по економија со завршена EMBA програма.

Нејзиниот деловен профил може да го следите на социјалната мрежа LinkedIn, а актуелните развојни програми и тренинзи истражете ги на порталот или по пат на меил: design@originalcode.net.